Репрезентација на Данска триумфираше на 17. Европско првенство во ракомет што заврши денеска. Во финалето во Хернинг, Данска ја совлада Германија со 34:27.

Данска водеше во текот на целиот натпревар во кој германците останаа без двајца играчи поради црвени картони. На голот на Германија блескаше Волф со 14 одбрани, но неговите соиграчи не успеаја да ја искорстат блескавата партија на својот голман.

За Данска ова е трета титула на Европските првенства, прва по 14 години. Со оваа победа Данска ги обедини титулите на СП, Олимписките игри и ЕП.

Бронзениот медал го освои репрезентацијата на Хрватска која во мечот за 3. место го совлада Исланд со 34:33.

ЕП се играше во Данска, Шведска и Норвешка. Домаќини на следното Европско првенство што ќе се игра во 2028 година ќе бидат Португалија,  Шпанија и Швајцарија.

Г.М.