Селекцијата на Данска ја забележа втората победа во главната фаза на Европското првенство и стигна до шестиот бод на табелата, откако со 26-25 (8-9) ја совладаа Германија.
Олимпискиот шампион со триумфот над европскиот првак зачекори кон полуфиналето на континенталниот собир кој се одржува во Хрватска.
Двете селекции главен акцент имаа ставено на одбраната и затоа во првиот дел постигнаа 17 голови заедно. Далеку поефикасен ракомет имаше во второто полувреме кое изобилуваше со пресврти и неизвеснот до самиот крај.
Германците имаа водство до 50-та минута, а данците со 3-0 серија го презедоа кормилото на мечот. Во финишот ракометарите на Данска стигнаа до три позитива, но „панцирите“ не се предадоа и дојдоа до минус еден.
На данците им припаднаа последните пет секунди од мечот, а хрватските судии им ја одзедоа топката, германските ракометари имаа напад, но конфузно го организираа и ја прокоцкаа шансата за егал.
Во селекцијата на Данска се истакна Линдберг со девет голови, а кај германската селекција најпрецизен беше Кун со шест голови.
Данска во третата рунда ќе ги одмери силите со Македонија, додека Германија ќе се сретне со Шпанија.
Фото: Гол.мк
OhridNews