Данската селекција терминот од ФИФА за одигрување пријателски натпревари ќе го искористи да се сретне со Македонија. Селекторот на Данска, Мортен Олсен повика девет фудбалери од данската лига додека другите дванаесет доаѓаат ширум Европа.

Натпреварот со Данска репрезентација на Македонија ќе го одигра на националната арена “Филип Втори“ на 6 февруари во 19:30 часот, а данскиот селектор Олсен се одлучи за следниов состав :

Голмани : Каспер Шмајхел, Андерс Линдегард, Јеспер Хансен.

Одбрана : Даниел Вес, Даниел Агер, Симон Кјаер, Крист Стадсгард, Јорес Окоре, Микел Киркесков, Ларс Јакобсен.

Среден ред : Ники Зимлинг, Ласе Шоне, Вилијам Квист, Кристијан Ериксен, Каспер Слох.

Напад :
Михаел Крон Дали, Виктор Фишер, Никлас Педерсен, Николај Јоргенсен, Денис Ромедал, Андреас Корнелиус.

Најголеми ѕвезди во данската селекција се голманот на Манчестер Јунајтед, Андерс Линдегард, фудбалерот на Ливерпул, Даниел Агер и искусниот репрезентативец Денис Ромедал.

Мх.П.