Група од четириесетина дански бизнисмени, кои престојуваат во посета на Република Македониај, денеска беа примени од владиниот економски тим, предводен од премиерто Никола Груевски, пренесува “„Макфакс.

Притоа данските бизнисмени искажале интерес за инвестирање во информатичката технологија, производството во индустриските зони и земјоделството.

Како што информираше по средбата министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, данските стопанственици била особено заинтересирани за производство на продукти во Македонија кои можат да се извезуваат на европските пазари.

Павлески информираше дека посетата на данските бизнисмени била резултат на владината економска турнеја за презентација на поволностите кои Македонија ги нуди за странските инвеститори, која се одржа во текот на годинава во повеќе скандинавски држави.

OhridNews
извор:„Макфакс“