Српското министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција на поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, кој беше уапсен во Србија, изјави Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Вчера бевме известени дека барањето е прифатено, дека има решение и дека Даравелски ќе биде екстрадиран. Подоцна дојде информацијата дека српското министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција“, рече Спасовски.

Тој појасни дека екстрадицијата се прави врз основа на барање од страна на Интерпол, односно преку Министерството за правда на Србија.

OhridNews
извор Макфакс