Хрватскиот интернационалец во редовите на Шахјтор Доњецк, Дарио Срна ќе паузира неодредено време од фудбалот додека правно не се реши неговата ситуација околу позитивниот допинг тест.
Украинските медиуми минатата недела пишуваа дека фудбалерот позитивен бил на допинг тест по мечот во ЛШ, но УЕФА отфрли такви работи, а потоа се огласи Украинската федерација која ја излезе соопштение дека Срна бил позитивен на тест направен во националниот шампионат во март месец.
– Сакам да истакнам дека никогаш свесно или со намера не сум земал некоја недозволена сусптанца, ниту пак на недозволен начин сум се обидел да ги зголемам своите спортски способности. – изјави Срна и додаде – Со цел да и се посветам на својата одбрана и да спречам секакво вознемирување на мојот тим и моите соиграчи, донесов одлука да се повлечам од сите фудбалски активности додека не заврши правниот процес кои е во тек. Во целост ќе се фокусирам на тоа за да ја сочувам мојата чест и честа на моето семејство.
Хрватот е жива легенда во Шахјтор. Тој ја троши 14-та сезона во тимот и заслужено долги години ја носи капитенската лента.
OhridNews