Украинските медиуми сабајлево пласираа сензационална вест за капитенот на Хрватска и членот на Шахјтор Доњецк, Дарио Срна кој бил позитивен на допинг тестот по мечот со Наполи во првата рунда од Лигата на Шампиони.

Официјални информации од клубот се уште нема, а се очекуваат во текот на денот. Хрватскиот интернационалец во победата над Наполи 2-1 го одигра целиот натпревар, а го пропушти следниот меч со Черноморец што ги подгреа шпекулациите за позитивен исход на допинг тестот.

Дарио Срна цели 14 сезони е дел од клубот од Доњецк и со 35 полни е најискусен фудбалер во екипата. Евентуална суспензија поради позитивниот тест на допинг контролата за Срна би значело крај на кариерата.

OhridNews