Прволигашки засилувања за градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидос. Дарко Илиески доаѓа од редовите на Тиквеш. Тој во својата кариера има околу 200 настапи во првата македонска фудбалска лига. Искусниот Илиески настапува на штоперската позиција. Покрај екипата на Тиквеш има настапувано за екипите на Победа, Ширак од Арменија, Борец, Шкупи, Пелистер, Копер од Словенија, Струга, Шкупи, Истиклол од Таџикистан и Билис од Албанија.

Абдулхади Јахја доаѓа од редовите на Башкими и ги покрива крилните позиции. Популарниот Шкор во својата кариера има 150 настапи во првата македонска фудбалска лига. Јахја покрај екипата на Башкими има настапувано и за екипите на Струга и Воска.

Од клубот им посакуваат добредојде и многу успех во дресот на Охрид Лихнидос.

OhridNews