Евгениј Поп Ацев повторно има сезона за паметење откако успеа да ја освои титулата во Ултра серијата во далечинско пливање под капата на ФИНА. Македонскиот пливач по трет пат се закитува со титулата светски шампион а до сега не добил никаква помош од државата, некоја институција или приватна фирма. Патоказот до титулата на Евгениј го објасна брат му Дарко Поп Ацев со објава на статус на социјалните мрежи.

  • Дечково е три пати победник на Светската серија на Ултра маратони. Успех не доволно вреден да се спомне на ниту една национални телевизија, успех не препознаен од ниедна фирма, успех недоволен за да има барем некаква помош од државата…од држата чии бои ги брани и повеќе од достојно ја претставува. Кој не осетил и не видел не знае колку пот и одрекувања се тоа. Е овој дечко, сам си плаќа кај и да оди да ја претставува земјата а нема ниту еден ден работен стаж, здраствено и пензиско осигуравање. Зошто? Зошто реши да плива за Македонија. И како што го дал Господ го прави тоа без никаква помпа одбивајќи понуда да плива за друга земја. Искрено, ти се восхитувам на честа, скромноста и истрајноста. Добри спортисти има многу, ама добри луѓе како тебе се малку а ти си еден од нив. Честитки голем човеку! – напиша Дарко Поп Ацев.

До титулата, Поп Ацев стигнува во 2015, 2017 и годинава и е еден од најдобрите пливачи во последниве неколку години во далечинско пливање.

 

OhridNews

Евгениј Поп Ацев светски шампион во далечинско пливање!