Како последица на случувања со Еуростандард банка, Ј.П.„Охридски Комуналец“ – Охрид, информира дека корисниците на услуги нема да можат да извршат уплати на сметки и фактури за подигнување, транспорт и депонирање на комунален отпад, како и други услуги на јавното претпријатие, преку Македонска пошта.

На граѓаните и правните субјекти на располагање им ја нудиме електронската онлајн наплата без провизија, потоа наплата без провизија во нашиот наплатен центар лоциран во зградата на Градски пазар-Охрид, наплата преку отворање на траен налог, како и на шалтерите од банките.
– електронска наплата за физички лица www.eohridskikomunalec.com.mk
– електронска комуникација официјалeн е-маил [email protected]
-контакт-форма на нашата веб-страна www.ohridskikomunalec.com.mk
ЈП „Охридски Комуналец“
OhridNews











