Во пресрет на реванш натпреварот во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони меѓу Челси и Пари Сент Жермен, Давид Лиуз на еден начин го нападна стратегот на „сините“, Жозе Мурињо.


– За мене Мурињо не е „специјален“. Тој е обичен тренер и ништо повеќе од тоа. – рече дефанзивецот, кој беше дел од Челси минатата сезона.

Португалскиот стручњак при првата можност се ослободи од Бразилецот, кој направи трансфер во Парис за рекордни 50 милиони евра.

Првиот натпревар во осминафиналето заврши без победник 1-1, а одлуката за патникот во 1/4 финалето ќе падне на „Стемфорд Бриџ“.

Мх.П.