Фудбалерите на Пари Сент Жермен обезбедија пласман во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони елиминирајќи го Челси во осминафинална фаза. ПСЖ не успеа да победи, но ремито 2-2 ги одведе меѓу најдобрите осум откако првиот меч заврши 1-1.
– Ова е неверојатен успех за сите нас. Одигравме одличен натпревар и се надевавме на пласман понатаму. Јас како и сите играчи бевме многу среќни, но ова е само првиот чекор во нашата цел, а тоа е да го освоиме трофејот во ЛШ. – рече Давид Луиз.
Бразилецот го постигна погодок, кој неговиот тим го одведе во дополнителни триесет минути и го прослави иако имаше успешни сезони во синиот дрес.
– Реков дека нема да го славам голот ако го постигнам, но едноставно неможев да ги контролирам емоциите. Сакам да им се извинам на навивачите на Челси, но беше премногу емоционално. – додаде Бразилецот.
Мх.П.