Дефанзивецот на Челси, Давид Луиз подготвен е да слезе скалило, можеби и две подолу само да биде во натпреварувачка форма пред селекторот на Бразил, Аденар Леонардо-Тите да го објави списокот за Мундијалот кој ќе се одржи во Русија следната година.

Давид Луиз не е во најдобри односи со менаџерот на „сините“, Антонио Конте што резултираше со преселување на клупата. Неиграњето најмалку во прилог му оди на Давид Луиз кој може да го изгуби местото помеѓу „кариоките“.

Затоа, бразилскиот дефензивец ја разгледува понудата која стигна од Њукасл за позајмица од шест месеци. Со евентуален трансфер помеѓу „страчките“, Давид Луиз ќе ги закопа копјата со Конте и ќе има загарантирано место во првата постава и најверојатно повик за СП во Русија.

Слични проблеми како Давид Луиз имаат Даниел Стариџ кој исто така се поврзува со преселба во Њукасл и голманот на Англија, Џо Харт кој нема стандарно место во Вест Хем.

OhridNews