Шпанскиот интернационалец Давид Силва останува верен на Манчестер Сити. Фудбалерот од средината на теренот со „граѓаните“ потпиша договор важечки до 2020 година.

– Новиот договор ја истакнува мојата лојалност кон клубот со кој заедно растиме и се развиваме. Среќен сум што ќе продолжам и нема да мислам на мојата иднина. Сезонава чекори напред со голема брзина и така сакаме да останиме и да донесеме што повеќе победи и трофеи. – рече Шпанецот после потпишувањето на договорот.

Давид Силва на „Етихад“ се пресели од Валенсија 2010 година, а ако до крај го одработи новиот договор во клубот ќе остане точно една деценија.

Манчестер Сити со 13-ет победи во 14 одиграни мечеви Премиер лигата ја зазема првата позиција на табелата. Единствен конкурент на „граѓаните“ во трката за титула е градскиот ривал Манчестер Јунајтед, кој заостанува осум бодови.

OhridNews