Јорданчо Давитков со отказ од клубот Банијас од Абу Даби го плати репрезентативниот ангжман во нашата најдобрата машка кошаркарска селекција.

Искусниот стратег овој по малку неочекуван и чуден епилог го обелодени на својот официјален профил на социјалните мрежи.

– Клубот може да го раскине договорот бидејќи сум бил да ја водам репрезентацијата на мојата земја. Ок го почитувам тоа! Но, и сега пак да треба да одлучувам, Одлуката ќе биде иста! Клубови имало многу и ќе има уште, но репрезентацијата на Македонија е една ! – стои во фејсбук статусот на Давитков.

После останувањето без клупски ангажман Давитков (ќе) може максимално да и се посвети на репрезентација која со две победи ги започна претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2021 година.

OhridNews