Гордана Силјановска Давкова, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, вечерва го призна изборниот пораз, истакнувајќи дека и покрај тоа што резултатот покажува пораз, таа воопшто не се чувствува како некој што изгубил.

  • Никогаш не сум се чуствувала посмирено и поисполнето. Од срце ви благодарам на сите, Денешниот ден ми личеше на Вивалди, на Четирите годишни времиња. Утрото почна со дожд, а мислев дека  на крајот дека ќе заврши како пролет. Сепак заврши како пролет за другите, за победниците, ама за мене верувајте не е зима. Да добиете 370.000 гласови е гордост и да станете позната по улиците како Гога е ново. А да не говорам дека за две недели да добиете над 50.000 гласови разговарајќи со луѓе е голема инспирација за мене, рече Давкова.

Како што рече, политиката во Македонија се уште не е уметност и се уште е во рацете на партиите, кои всушност одлучуваат кај кого ќе отидат гласовите, а не самите граѓани. „Можете да речете дека сум цинична, но ако го погледнете контигентот на гласовите кои се пренесоа во вториот круг, ќе ви биде јасно“, рече Давкова.

Истакна дека резултатот е јасен, но прашањето е дали ваквиот резултат, спореден со резултатот на победениот, дали води кон помирување и обединување или значи една поделба, по повеќе основи. „Поделба која има карактер на интраетничка поделба и дали синтагмата заедно одиме напред навистина го ветува тоа. Треба добро да се размисли“, додаде Давкова на вечерашнат апрес конференција.