Новата Влада денеска предложи пакет економски мерки, во кои се предвидува намалување на Данокот на додадена вредност за туристички услуги од 18 на 5 проценти.
– Покрај субвенциите за туроператорите за носење странски гости, намалувањето на стапката на ДДВ за ноќевањата, сместувањата со појадок, полупансионите и полните пансиони во сите видови комерцијални угостителски објекти се очекува да ги намали цените на услугите на хотелските и другите сместувачки капацитети за износот на намалениот данок, угостителските објекти да бидат поконкурентни на пазарот, да се зголеми бројот на домашни и странски туристи, да се зголеми профитот, како и осовременување на објектите, нивна реконструкција или проширување. –истакна премиерот Груевски












