Дејан Кукуловски е новата аквизиција на ГРК Охрид. Дваесет и пет годишниот лев бек денеска стави потпис на едногодишен договор со клубот и ќе претставува големо засилување за „Гладијаторите“ во сезоната 2024/25.

Среќен сум што повторно се враќам во Македонија. Охрид прерасна во голем и амбициозен клуб. Верувам во овој тим и ќе дадам се од себе да помогнам за што подобар пласман во наредната сезона и се надевам заедно ќе имаме одлични резултати, изјави Кукуловски.

Кукуловски до сега настапувал за Вардар, Еурофарм Пелистер и Брно од Чешка, а има настапувано и во сите младински и сениорската репрезентација на Македонија.

Г.М.