Второлигашот од Боговиње, екипата на Дрита во пролетниот дел од сезоната ќе се обиде да стигне до опстанок во шампионатот. За таа цел, „црвено црните“ се засилија со пет нови фудбалери.

Помеѓу новајлиите е охриѓанецот Дејан Лескароски, кој во Дрита се пресели од Вардар Форино. Покрај Лескароски, нови фудбалери на Дрита се Шпенд Асани, Амир Јашар, Куштрим Таири и Валон Зекири.

Есенката полусезона не беше најдобра за Дрита. Клубот со само една победа заврши на последната позиција на табелата.

OhridNews