Белгиските репрезентативци и членови на Манчестер Сити, Кевин де Брајне и Винсент Компани повредите ќе ги лекуваат во Барселона.


Де Брајне има повреда на задната ложа и од терените ќе апстинира три недели додека дефанзивецот има поголеми проблеми со повредите и се уште не се знае точната пауза.

Двоецот во Барселона ќе остане се додека не се залечат целосно повредите и не бидат 100% подготвени за настап за својот клуб.

Офанзивниот фудбалер според првичните прогнози ќе се врати на 19 октомври, кога Манчестер Сити ќе се сретне со тимот на Барселона во Лигата на Шампиони.

OhridNews