Белгискиот репрезентативец Кевин де Брујне активно учествуваше во двата погодоци кои му донесоа триумф на Манчестер Сити во градската пресметка со Манчестер Јунајтед (2-1).
Де Брујне го отвори резултатот на Олд Трафорд, а водството за „граѓаните“ го дуплираше Ихеначо по ударот на Белгиецот кој заврши во стативата.
– Почнавме агресивно и со тоа покажавме што сакаме на Олд Трафорд. Во второто полувреме беше тешко бидејќи нашиот противник ја диктираше играта. За навивачите оваа победа вреди повеќе од три бода, а сигурно и за нас затоа што макотрпно се подготвувавме за овој дуел. Еден ден ќе имаме можност да славиме со навивачите, а од понеделник не очекуваат нови мечеви и предизвици. – рече Де Брујне.
На сред недела „граѓаните“ ќе одиграат натпреварот од Лигата на Шампионите, а ќе се сретнат со Борусија Менхенгладбах во Германија.
OhridNews