Чуварот на мрежата на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа од следната сезона ќе ја промени средината и ќе застане на голот од Реал Мадрид.


Како што пишува шпанскиот дневен весник Марка репрезентативниот голман потпишал четири годишен договор со „кралевите“, а се уште не се обелоденува висината на трансферот.

Важечкиот договор на Шпанецот со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од идната сезона, но се по изгледна е разделбата по завршување на оваа.

Месеци на назад неколку голмани се поврзуваат со трансфер на Олд Трафорд кои би биле замена за инзвондредниот чувар на мрежата, кој е еден од најдобрите во светот.

На списокот потенцијални замени се наоѓаат Хуго Лорис (Тотенхем), Лено (Баер Леверкузен, Асмир Беговиќ (Стоук), а најреална опција е Виктор Валдес, кој веќе е дел од Манчестер Јунајтед.

Мх.П.