Манчестер Јунајтед од следната сезона ќе има нова „единица“ на голот откако Давид де Геа се поздравил со сите играчи и рекол да заминува во Реал Мадрид.


Долго време се пишуваше околу неговата иднина, но англиските медиуми открија дека договорот меѓу „кралевите“ и Де Геа е постигнат, а останува уште клубовите да ги финилизираат преговорите.

„Црвените ѓаволи“ не смеат да ризикуваат со 24-годишниот голман, следната година без никаква оштета може да замине бидејќи ми истекува пет годишниот договор потпишан 2011 година.

Де Геа на Олд Трафорд пристигна од Атлетико Мадрид по огромно барање на Сер Алекс Фергусон кој имаше голема доверба во тогаш младиот голман, кој пак немаше добар почеток.

Со трансферот во Реал Мадрид сигурно Де Геа ќе го навлече гневнот на навивачите од Атлетико кои не простуваат вакви преминувања во својот градски ривал.

Мх.П.