Чуварот на мрежата во Манчестер Јунајтед, Давид де Геа по подолго време се изјасна за неговиот евентуален трансфер во Реал Мадрид.
Според англискиот весник „The Sun“, Де Геа на средбата со челниците од Реал Мадрид имал една желба пред да потпише пернаментен договор со „кралевите“.
Желбата на 24-годишниот голман била отстранување на долгогодишниот капитен од екипата Икер Касилјас, со кој не се во добри односи.
Аткуелниот договор на Шпанецот со Манчестер Јунајтед истекува следната сезона и „ѓаволите“ се приморани да го продадат бидејќи другата сезона без оштета ќе замине од Олд Трафорд.
Какво решение ќе најде управата на кралскиот клуб за барањето на Де Геа ќе покаже времето, а едно е јасно дека меѓу новиот и стариот голман во шпанската репрезентација пријателство веќе нема.
Ohridnews