Шпанскиот чувар на мрежата Давид де Геа му постави услов на Манчестер Јунајтед за продолжување новиот договор.


Условот на еден од најдобрите светски голмани моментално е ако во текот на договорот со „ѓаволите“ Реал Мадрид ја плати клаузулата тој веднаш да го напушти Олд Трафорд.

Сезонава репрезентативецот на „црвената фурија“ е фудбалер број еден во составот на Јунајтед, а „кралевите“ будно ја следат ситуацијата на голманот, кој може да биде долгорочно решение.

Мх.П.