Шпанскиот чувар на мрежата Давид де Геа ќе заработи од Реал Мадрид десет милиони евра иако продолжува да биде дел од англискиот премеирлигаш Манчестер Јунајтед.
Клубот од Сантијаго Бернабеу при договарањето на личните услови со голманот му обеќал десет милиони евра ако трансферот не се реализира.
Епилогот во последниот ден од преодниот рок даде конечен одговор за Де Геа кој најмалце на Олд Трафорд ќе остане до 1 јануари кога се отвара зимскиот.
Де Геа по никоја цена не сака да остане на Олд Трафорд, а со тоа „ѓаволите“ на крајот од оваа сезона ќе останат со празни раце бидејќи договорот на голманот истекува.
Ohridnews