Долгогодишниот капитен на „кралевите“ Икер Касилјас го официјализираше трансферот во Порто. Клубот од Мадрид веќе најде негова замена, а не е Давид де Геа, кој долго време се поврзуваше со преселба меѓу „лос бланкос“.
Новиот тренер на Реал Мадрид, Рафа Бенитез им соопштил на раководоството дека за замена на Касилјас го посакува голманот на Еспањол, Кико Касилја.
„Кралевите“ за голманот на Еспањол ќе му испрати понуда од 6 милиони евра, а со евентуален трансфер Касилја би се вратил онаму каде што ја започна кариерата.
Како што пренесуваат англиските медиуми Давид де Геа подготвен е да чека една сезона и во Мадрид да се пресели како слободен играч од Манчестер Јунајтед.
Мх.П.