Чуварот на мрежата на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа можеби од првата минута ќе го започне дербито на Олд Трафорд против екипата на Ливерпул во петтата рунда од Премиер лигата.
Шпанскиот репрезентативец на националната арена „Филип Втори“ против Македонија во квалификациите за ЕП прв пат настапи на официјален натпревар откако беше остранет од првата екипа на Манчестер Јунајтед и го зачува својот гол.
– Тој е стабилна и зрела личност за своите години. Навивачите го сакаат и поддржуваат и сигурен сум дека ќе бидат многу среќни ако в сабота против Ливерпул го видат на голот. – рече неговиот соиграч од селекцијата Хуан Мата.
Де Геа кој цело лето беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид и во последниот ден од преодниот рок се направи вистински циркус околу неговиот трансфер се најде во немилост од клубот во кој две години беше прогласуван за најдобар играч.
Завршување на сагата со среќен крај односно потпишување на нов договор најмногу ќе ги израдува навивачите на Јунајтед кои не престанаа да му даваат поддршка на првиот избор на голот минативе сезони.
Ohridnews