Фудбалерите на Наполи го загубија шампионскиот чекор откако на домашен терен претрпија пораз од лидерот на табелата во Серија А, Јувентус 3-1.


Првиот човек на „азурите“ Аурелио де Лаурентис со „дрва и камења“ ги нападна судиите по завршување на мечот.

– Да, Јувентус е силен тим и кога му помогаат судиите станува непобедлив. Од сето ова сме уморни бидејќи после секој натпревар никој не зборува за фудбалот туку за грешките кои ги прават судиите. Неприфатливо е шест судии да не можат да видат дека двајца играчи се наоѓаат во недозволена офсајд позиција. Или се работи за неспособност или за лоша намера – рече претседателот на Наполи.


По комплетирањето на 18-та рунда Наполи се наоѓа на четвртата позиција додека „бјанконерите“ љубоморно го чуваат врвот.

Мх.П.