Италијанскиот шампион Јувентус доби супер засилување, откако холандскиот репрезентативец Матијас де Лихт пристигна во Торино со приватен авион. Де Лихт веднаш по пристигнувањето им се обрати на навивачите на Јувентус.

  • Здраво „бјанконери“ јас сум Матијас и среќен сум што во Торино. – гласеше видео пораката на Де Лихт.

„Старата дама“ во висина на оштета на Ајакс ќе му исплати 75 милиони евра, а Де Лихт ќе заработува 6 милиони евра по сезона. Холанѓанецот после поминување на мединциските прегледи ќе стави потпис на петгодишиниот договор.

OhridNews