Младиот стопер на Холандија и капитенот на Ајакс Матијас де Лихт откри дека по завршувањето на финалниот натпревар во Лигата на Нации Кристијано Роналдо го прашал дали ќе го засили Јувентус каде од минатата сезона настапува португалскиот репрезентативец.

Голема неизвесност и секојдневно нови информации се пласираат во јавноста за иднина на Де Лихт а секако и Јувентус е во игра. Роналдо се испробал и во улога на агент, но ќе видиме каков ќе биде епилогот. Де Лихт ја смири топката и изјави дека одлука ќе донесе после одморот кој ќе го искористи.

  • Роналдо ме шокираше со прашањето дали ќе дојдам во Јувентус. Прво се насмеав бидејќи не го разбрав а кога ми повтори морам да признам ме шокираше. Сега одам на одмор. Кога ќе се вратам ќе размислам што е најдобро за мене и ќе одлучам. За млад фудбалер каков што сум јас многу е важно да оди во клуб каде ќе има минутажа и констатни настапи. – рече Де Лихт.

Во редот за чекање за потписот на Де Лихт веќе се наоѓаат Барселона, Манчестер Јунајтед и Пари Сент Жермен. Вредноста на младиот дефанзивец се проценува околу 90 милиони евра.

OhridNews