Италијанскиот репрезентативец Даниеле де Роси ја доби битка на Мундијалот со својот идол Стивен Џерард откако Италија со 2-1 ја совлада Англија. Фудбалерот на Рома имаше само пофални зборови за капитенот на Англија.
– Тој е неисцрплива инспирација за мене. Ми беше чест и задоволство да играм против Џерард. За мене никогаш не е нормално да играм против него, секогаш ме погодува емоционално, признавам. Навивав за Ливерпул до последниот натпревар, но тие ја изгубија титулата на неверојатен начин – рече италијанскиот репрезентативец.
Во вториот натпревар Италија ќе се сретне со Костарика, а Англија ќе ги одмере силите со Уругвај.
Мх.П.