Екипата на Наполи на гостување на „Олимпико“ од Рома го претрпе првиот пораз 2-0 во Серија А. Многу работи на теренот ќе беа различни ако Горан Пандев 100% шанса ја реализираше при резултат 0-0.

Чуварот на мрежата од Рома, Морган Де Санктис, кој до минатата сезона беше во тимот на Наполи откри дека со трик успеал да го скроти ударот на Македонецот.

– Се потсетив на подготовките пред две сезони кога бев дел од тимот на Наполи. Тогаш на тренинзите голманите вежбавме „еден на еден“ ситуации, а мене спаринг партнер ми беше токму Пандев, затоа знаев како и каде ќе го упати ударот – потенцираше Де Сантис.

Со победата над Наполи римската волчица го задржа во врвот во „калчо лигата“ со неверојатен биланс од осум победи во исто толку одиграни натпревари.

Мх.П.