Пласманот во ТОП 4 екипите на табелата во Премиер лигата станува невозможна мисија за Арсенал, откако претрпе убедлив пораз од Кристал Палас (3-0) во последниот меч од 32-та рунда од шампионатот.
Домашните фудбалери голот на „топчиите“ го начнаа во 17-та минута, кога Таунсенд стрелаше за 1-0. Победникот на натпреварот Кристал Палас го реши за пет минути од 63-та до 68-та минута, Кабаје прецизен беше за 2-0, додека на 3-0 зголеми Миливојевиќ.
Кристал Палас со победа пред своите гледачи направи голем исчекор кон опстанок одлепувајќи се шест бодови од Свонси кој се наоѓа на 18-та позиција на табелата.
OhridNews