Новиот шампион во Премиер лигата, Челси претрпе убедлив пораз (3-0) од Вест Бромвич Албион во последниот натпревар од 37-та рунда.


Менаџерот на „сините“, Жозе Мурињо шанса им даде на помладите фудбалери и на оние кои не добиваа можност во текот на сезоната, но тие целосно потфрлија.


Голема вина во поразот има во Цеск Фабрегас, кој во 26-минута доби бизарен црвен картон откако со топка го погоди противничкиот играч во главата.

Мх.П.