Фудбалерите на Челзи претрпеа тежок пораз од Њујорк Ред Бул (2:4) во контролен натпревар одигран во САД. На овој меч на голот на ’сините’ неславни деби имаше Асмир Беговиќ, кој бранеше во второто полувреме кога Њујорк постигна четири гола.

Челзи против Њујорк имаше предност по првите 45 минути со голот на Лоик Реми, но во второто полувреме њујорчаните во периодот од 51. до 77.минута постигнаа четири гола. Израмни Кастељанос, потоа погоди и 16-годишниот Адамс, а судбината на Челзи ја запечати Дејвис со два гола. До крајот ’сините’ преку Азар само го ублажија поразот.

Инаку на овој натпревар Жозе Мурињо двете полувремиња ги одигра со два различни, но сепак респектибилни состави.

Во првото полувреме играа: Куртоа, Ивановиќ, Зума, Кејхил, Аспиликуета, Фабрегас, Микел, Мозез, Оскар, Траоре, Реми

Во второто полувреме играа: Беговиќ, Аниа, Зума, Тери, Аспликикуета, Матиќ, Рамиреш, Оскар, Лофтус-Чик, Азар, Диего Коста.