Фудбалерите на Јувентус го одбранија трофејот во Купот на Италија победувајќи го Милан (4-0) во финалето кое се одигра на Олимпико во Рим.

Првото полувреме кое заврши без голови и добрата игра на двата состави не наговестуваше распад систем на миланезите во вториот дел. Од 56-та до 76-та Јувентус четири пати ја погоди мрежата и го реши Милан кој вината за поразот мора да ја бара во своите редови.

Јувентус и годинава не успеа да ја покори Европа, но во Италија останува неприкосновен и покрај обидите на Наполи, Милан, Интер и Лацио да го симнат од тронот во двете натпреварувања. 

OhridNews