Фудбалерите на Челси го освоија целиот плен во дербито со Манчестер Јунајтед победувајќи со убедливи 4-0 пред своите гледачи во 9-та рунда од Премиер лигата.


„Сините“, атакот на трите бодови го најавија во првата минута од мечот, кога со голот на Педро поведоа со 1-0.


По само 20 минути игра домашните фудбалери го дуплираа водството, а стрелец на голот беше дефанзивецот Тим Кејхил.


Теренската надмоќност Челси ја капитализираше со нови два голови во вториот дел. На 3-0 зголеми Еден Азард, а конечните 4-0 ги постави Н`голо Канте по одличен соло продор.

Со трите освоени бодови „сините“ се пробија во ТОП 4 екипи со само бод заостанување од водечкото трио Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул.

Во пресрет на дербито, Манчестер Сити освои само бод на Етихад ремизирајќи 1-1 со тимот на Саутемптон.

OhridNews