Илјадници седишта можат да останат празни на трибините за финалето во Лигата на Шампиони на стадионот во Киев, откако навивачите на Реал Мадрид и Ливерпул почнаа да ги враќаат билетите кои се злато вредни.
Причината за враќањето на билетите од страна навивачите не се цените на картите, туку немањето директна авионска линија до Киев, со што драстично ќе го отежни доаѓањето на навивачите во главниот украински град и сместување, за кое симпатизерите на двата клуба буквално мора да се снаоѓаат.
Англискиот премиерлигаш за потребите на навивачите обезбеди 29 чартер летови од Ливерпул до Киев, но тоа ќе биде премалку, бидејќи „црвените“ добија 16 000 билети и сите за миг ги продадоа. Реал Мадрид вратени билети од навивачите и ги предаде на УЕФА која оваа недела ќе ги продаде онлајн на својата официјална интернет страна.
– Ова е вистински дебакл, картата која злато вреди ја купивме веднаш, наспроти сместувањето и авионските карти кои со судни маки ги обезбедивме. Во иднина УЕФА мора да има поширок спектар во изборот на градот домаќин на вакви натпревари, бидејќи повеќе од половина стадион се полни со навивачи од други градови и држави. – рече портпаролот на навивачите од Ливерпул.
Олимпискиот стадион во Киев домаќин на финале во Лигата на Шампиони беше 2008 година кога силите ги одмерија Манчестер Јунајтед и Челси, но тогаш немаше поплаки од страната на навивачите, а нешто очигледно се променило последна една деценија.
Финалето во ЛШ се играа оваа сабота со почеток во 20 часот и 45 минути.
OhridNews