Меѓу преживеаните патници на бродот „Коста Конкордија“, кој неодамна се насука и потона во близина на италијанскиот остров Џиљо, е и дваесет и двегодишниот Енис Максудовски по потекло од Дебар.

Италијанските весници пренесуваат дека Максудовски, кој заедно со семејството живее во градот Равена, работел како фризер, а во бродот се нашол заедно со уште 200 други фризери од Италија, кои оделе на меѓународен натпревар во Шпанија. Во изјава за медиумитетој раскажува за преживеаните моменти кога бродот почнал да потонува, помошта што ја давал на други патници за да се спасат, па се до качувањето на спасувачки брод.

-Никогаш нема да го заборавам она што го преживеав тој 13 јануари,
изјавил Максудовски, додавајќи дека најпрво им било речено оти станува збор за
дефект на мотор, а не дека бродот се насукал и тоне.

Во времето на несреќата Максудовски бил во големиот ресторан, а бродот го напуштил три часа по инцидентот.

OhridNews