Во името на солидарноста и хуманоста, упатуваме јавен повик до целата охридска јавност, политичките партии, бизнис заедницата, граѓански здруженија, невладини организации, ИВЗ, да се приклучат кон овој наш повик за помагање на настраданото население во Сирија и Турција, велат од Дебарско-кичевската епархија.
Потесетуваат дека финансиска помош може да се донира на веќе познатиот број 143 400 и на жиро сметките 300000001327966 – Сметка на Солидарноста на Црвениот Крст на РСМ Даночен број 4030984271620 Комерцијална Банка АД со назнака: Помош за населението во Турција и Сирија.
Донации во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION:RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADRESS: UL.ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE
BANK ACCOUNT: 300000000000133
25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE:MK07300701000001228
Донација на материјални добра:
-Зимски семејни шатори, церада ( постилка за на земја), фенер на соларно напојување, кебиња, вреќи за спиење, столици на расклопување, креветчиња на расклопување, греалки на струја/плин, кујнски сетови.
Донација на прехрамбени производи:
-Брашно, масло, шекер, сол, ориз, грав, макарони, чај(филтер), конзервирана риба, готова конзервирана храна (телешка/пилешка), бебешка храна.
Донација на средства за хигиена:
-Детергент за перење, шампон, сапун, тоалетна хартија, хигиенски влошки, влажни марамици, паста за заби, четки за заби,пена за бричење, бикчиња за бричење, средства за миење садови, памперси.
Рокот на траење на производите да биде минимум 6 месеци. Донираните артикли да бидат нови. Материјалните средства може да се достават во просториите на Црвен Крст Охрид, секој работен ден од 9 до 15 часот.
OhridNews