Прв пат оваа година се прелеа  водата на Дебарското езеро во главната шахта, што значи надмината е максималната кота од 570 метри, пренесува „Макфакс“

Големите врнежи од дожд и топењето на снегот видно го зголемија дотокот на вода во Дебарското езеро од реките Радика и Црн Дрим, така што дојде до прелевање на водата во главната шахта на Дебарското езеро, којашто се наоѓа во близина на  браната на хидроцентралата Шпиље кај Дебар.

Прелевањето на водата се случило вчера попладне. Електраната  Шпиље работи максимално цели два месеца, но сепак прелевањето на водата е резултат на големиот доток.

Моментално во Дебарското езеро има резерви на вода за производство на над 37 милиони киловат часови електрична енергија.

OhridNews
извор:„Макфакс“