Дебарското Езеро кај Косоврашки мост, таму каде што во езерото се влева реката Радика, се полни со пластичен смет, кој нанесува големи еколошки проблеми, јавува дописникот на Макфакс.
Претседателот на еколошкото друштво „Дешат“ Газменд Цами изјави дека еколозите од Дебар и поширокиот регион се мошне загрижени за појавата која е резултат на сметот кој се влева во Радика од дивите депонии кои ги има во одредени села на регионот Долна Река.
„Станува збор за негативно влијание врз животната средина.“, вели Цами и додава дека појавата го загадува езерото.
Претставниците на здружението на еколозите од Дебар „Дешат“ сметаат дека проблемот треба да се решава регионално со заеднички проекти на општините Дебар, Маврово Ростуша и Центар Жупа.
Еколозите најавуваат акции за расчистување на пластичниот смет кој го полни Дебарското Езеро.
OhridNews
извор: „Макфакс“