„Европеизација на Македонија – дали сме на добар пат“ е насловот на дебатата што ќе се одржи утре, 30 јуни, во каф е бар „Кадмо“ во Охрид.

Обраќања ќе имаат градоначалникот Кирил Пецаков и Претседателот на Паневропската Унија на Македонија, амбасадорот Андреј Лепавцов.

На дебатата учество ќе земат амбасадорот и поранешен министер, Марјан Ѓорчев, Ректорот на Американ Колеџ,Марјан Бојаџиев, професорот од Економски факултет, Љубомир Кекеновски , Виктор Мизо – Генерален директор на „КОСТАЛ“ и  туристичкиот работник Олег Маленко од ТА „ВИС ПОЈ“.

Г.М.