Центарот за слобода-ЦИВИЛ денеска напладне во големата сала на општина Охрид ќе организира јавен настан „Сите за слободни избори во Охрид“. Настанот ќе го отвори заменик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев. Говорници и модератори ќе бидат и претставници на ЦИВИЛ, а за дискусија можат да се пријават сите присутни на настанот.
На настанот се поканети сите советници во Советот на општина Охрид и други претставници на политичките партии, на медиумите, на локалните невладини организации, поддржувачите на ЦИВИЛ и заинтересираните граѓанки и граѓани.
Програмата на средбата вклучува проекција на видео содржини од продукцијата на ЦИВИЛ Медиа кои досега не биле објавени на националните електронски медиуми. Воедно, присутните ќе можат да се вклучат во фото-петицијата на ЦИВИЛ и да учествуваат со свои сугестии за понатамошните заеднички акции на ЦИВИЛ со граѓанките и граѓаните во правец на создавање услови за слободни избори во Република Македонија.
Средбата со граѓанките и граѓаните СИТЕ ЗА СЛОБОДНИ ИЗБОРИ е дел од проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ во имплементација на Цивил – Центар за слобода. Проектот е финансиран од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
OhridNews