Центар за слобода – ЦИВИЛ во рамките на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ во понеделник на 23-ти ноември 2015 година ќе организира состанок со претставниците на политичките партии, граѓанското општество, медиумите и други засегнати страни во Охрид.

-На средбата ќе се дискутира за процесите за надминување на политичката криза и обезбедување услови за слободни избори. Слободни избори за слободни граѓан(к)и е проект кој ќе придонесе во процесот на подготовка на слободни избори во Република Македонија. Овој проект ја претставува потребата на граѓан(к)ите да се создадат услови за спроведување на избори во демократска атмосфера со почитување на човековите права и слободи, пред сè, со почитување на слободната волја на гласачите. Проектот го финансира Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, информираат организаторите.

Средбата ќе се одржи во општинската зграда со почеток во 16:30 часот.

OhridNews