Зголемувањето на бројот дебели лица би можело да резултира и со зголемување на бројот на оние кај коишто во иднина ќе се развие деменција, односно заборавноста, предупредуваат експертите.

Како што пренесува „Макфкс“, претходни студии докажале дека прекумерната тежина на средна возраст ги зголемува изгледите за развојот на менталните пореметувања, меѓутоа податоците претставени на Европскиот конгрес за дебелината сугерираат дека запирањето на порастот на прекумерното дебелеење би можело да го запре и зголемувањето на бројот на заболените од деменција.

Здружението за борба против Алцјахмеровата болест предупредува дека редовното вежбање здравата телесна тежина се важни за намалувањето на ризиците за заболување од оваа болест.

Досега податоци укажуваа дека прекумерната телесна тежина е лоша за телото, меѓутоа сега постојат и сеж повеќе докази за тоа и дека се лоши и за умот

Засега не е познато кои примероци стојат зад развојот на деменцијата, меѓутоа претераните килограми сеж повеќе се прикажуваат како фактор на ризикот.

Истражувањето извршено врз 8.500 шведски близнаци покажало дека оние со популарно нареченото БМИ повисок од 30, што се класифицира како дебелина, имаат четири пати поголеми изгледи да развијат деменција отколку оние коишто имаат нормален индекс на телесната маса. Дури и оние со БМИ меѓу 25 и 30 имаат 71 отсто поголеми изгледи за развој на деменцијата.

Според примерот на Велика Британија, се покажува дека бројот на случаи на деменција, доколку би продолжил сегашниот тренд на зголемување на претераната дебелина кај населението, до 2050 година би можел да се зголеми од сегашните 4.894 на секои 100 илјади луѓе повозрасни од 65 години на дури 6.662 на 100 илјади луѓе.

OhridNews
извор:„Макфакс“