Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски го постигна дебитанскиот гол на Апенините во срамниот пораз на Палермо (3-2) од Алесендрија во Купот на Италија.

Со триумфот над Палермо нискологашот Алесендрија обезбеди дуел со Џенова во 1/4 финалето во Купот.

Трајковски погоди во 55-та минута за (1-2) и го врати својот тим во игра кој тогаш имаше и играчка негатива покрај резултатска.

До крајот на натпреварот гостите постигнаа уште еден погодок, а Палермо преку Алберто Џиљардино го ублажија поразот кој силно одекна во Италија.


Покрај овој меч ќе се одиграат уште мечевите меѓу Верона – Павија и Удинезе – Аталанта по кои ќе се комплетираат четвртфиналистите во Купот.

Мх.П.