Охридските Колибри ја забележаа втората победа во низа, прва на гостувањата и тоа во Тетово над Т- Баскет со 60:69 (21:18; 15:19; 11:14; 13:18). Охриѓани едиствено се најдоа во негатива по првиот период , а потоа ја превзедоа играта во свои раце.
По правило најпрецизен беше Христовски Иво со 25 постигнати поени, Танаскоски Никола кој одигра клучна улога под обрачите уфрли 11 поени, капитенот Митрески Гоце 9, џокерот во тимот Настески Ристе 7 поени, Лихванчев Гаго 2, Бојовски Петар 2, како и Ристески Никола 6 поени.
Ohridnews