Германскиот стратег на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп ја забележа првата победа во Премиер лигата победувајќи го Челси со 3-1 на Стемфорд Бриџ.


Водечкиот погодок на „сините“ преку Рамирез ги разбуди „црвените“ кои доминираа во текот на натпреварот.

Гостите од Ливерпул до крајот на првиот дел со голот на Коутињо го изедначија резултатот 1-1.

Истиот фудбалер во второто полувреме погоди за комплетен пресврт, а Кристијан Бентеке со третиот гол за екипата стави точка на големиот триумф.


Со првиот триумф во елитното англиско друштво Клоп ја продолжи агонијата на Жозе Мурињо на клупата Челси која можеби ќе кулминира со отказ.

Мх.П.